Ковачки: Спасовски два дена молчи за кражбата на оружје и муниција од магацинот на СВР Охрид
Почитувани,
Кога криминалците ќе го чувствуваат МВР за свој дом, се краде оружје и муниција за цела единица, а Спасовски молчи
Оливер Спасовски два дена молчи во врска со кражбата на оружје и муниција од магацинот на СВР Охрид.
Ограбена е полициска станица, а власта се однесува како ништо да не се случило.
Според информациите кои ги објавија медиумите, но и според наши сознанија не се работи само за кражба на оружје и муниција за автоматско оружје, туку и за бомби и гранати, а за кои во МВР немаат точна евиденција.
МВР не знае што точно и во колкава количина е украдено.
Објектот на магацинот се наоѓа во кругот на поранешната касарна Михајло Апостолски во Охрид, а сега е во сопственост на полицијата. Магацинот има обезбедување и е во круг на повеќе полициски објекти, а непосредно спроти истиот е канцеларијата на началникот на РЦ Запад.
Оттука се влече заклучокот дека крадците или се поголема организирана група која е голема опасност за мирот на државата или се во договор со Оливер Спасовски.
Украдена е муниција доволна за вооружување на цела единица. Тоа не е оружје или муниција кое може да се користи во лов или за било какви рекреативни цели, туку станува збор за автоматско оружје, муниција, бомби и гранати кои се користат исклучиво за боеви дејствија.
Кога полицијата и криминалците се едно, епилогот е кражба на оружје од полициски магацин и предизвикување на несигурност кај населението. Спасовски или е целосно неспособен да го обезбедува имотот на МВР или е во целосна коалиција со криминалот и ги прикрива извршителите. Ова се случило кога криминалците ќе го чувствуваат МВР за свој дом.
Недозволиво е Спасовски да молчи.
Полицијата под водство на Спасовски, одамна го изгуби кредибилитетот и авторитетот.
Тој треба веднаш да си поднесе оставка.
Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Трамп го укина пакетот санкции против Русија содржани во „Законот на Линдзи Греам“
-

„Гугл“ го одбил барањето на Трамп - Атлантскиот или Тихиот Океан да бидат преименувани во „Океан Трамп“
-

Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ќе ги соопшти деталите за трите нови светски рекорди на Матка
-

Лидерите на ЕУ го завршија самитот во Брисел без договор за буџетот на Унијата
-

Брвеница во недела избира градоначалник, денеска гласаат болните и изнемоштените
-

Сончево време со умерена локална облачност
-

Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување
-

Зеленски до лидерите во ЕУ: „Војната ќе чини 155 милијарди евра следната година, Ве молам да најдете начин да ја обезбедите таа поддршка“
