Ковачки: СДС се фатени во предавство на националните и државни интереси
СДС свесно лаже кога вели дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени.
Тоа е така затоа што се фатени во предавство на националните и државни интереси, и се против вистинска интеграција на државата.
Ковачевски треба јасно да одговори кој предлог го избира од ВМРО-ДПМНЕ.
Првиот е преодна влада без ДУИ и измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членството на државата во ЕУ.
Вториот предлог е избори, гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на судот за човекови права во Стразбур, и измени од влада без ДУИ поддржана од опозицијата.
Она што го понуди Ковачевски се уставни измени под бугарски диктат, и широка влада со ДУИ. Не е поентата ВМРО ДПМНЕ да дојде на власт во некаква широка влада, туку да изградиме процес и пакт за национално единство каде ќе ги заштитиме националните интереси.
Ако СДС не ги прифати двете понуди од ВМРО-ДПМНЕ значи дека има скриени намери да преговара на сметка на иденитетот и ќе прифати нешто во тек на преговорите кое ќе го доуништи македонскиот идентитет. СДС сега треба да ги покаже своите вистински намери.
1. Дали е заложник на ДУИ заради меѓусебни корупциски зделки?
2. Дали планира да го срози македонскиот идентитет менувајќи го Уставот сега, и оставајќи простор во тек на преговорите со ЕУ, Бугарија да не блокира секогаш кога сака и со тоа да ја принудува Македонија да си го уништи целосно својот идентитет?
Јасно е се како бел ден.
Што се однесува до понудата на Бујар Османи дека го отстапува местото Албанец премиер на ВМРО-ДПМНЕ одговорот е дека ова е најјасен доказ дека вистинскиот газда во владата е ДУИ, а не СДС и Ковачевски. И второ ДУИ оди во опозиција и не е во состојба да поставува услови. Единствената сила која дава и зема власт не е Османи, не е ниту ДУИ, туку народот на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

ФТ: Иран наводно користел кинески сателит за надзор на американските воени бази
-

„Support Kocani“ обезбеди медицински креми за настраданите во пожарот во „Пулс“
-

Мицкоски: Важна инвестиција, нов почеток - 100 нови возила за Пошта
-

АВМУ за изјавата на Филипче: Aпсолутно е недозволиво носител на јавна функција да користи дискредитирачка реторика
-

Симеоне: Стигнавме до полуфиналето со добар став и верба во себе
-

Рафиња за реваншот против Атлетико: Тоа беше грабеж
-

Маѓар разговарал со Фон дер Лајен за деблокада на средствата од европските фондови за Унгарија
-

Македонска собраниска делегација ќе учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
