Ковачки: Ковачевски знаел дека Зарко Милошевски е потписник на проверката за Онишченко
Ковачевски веднаш да го разреши Зарко Милошевски, во спротивно ќе ја потврди директната поврзаност, односно дека и тој лично е дел од шемата за давањето на Македонско државјанство на Онишченко.
Зарко Милошевски не треба ниту ден повеќе да биде на чело на АНБ. Во јавноста излезе документ од кој се гледа дека токму Милошевски ја одобрил позитивната проверка за Онишченко, со која се потврдува дека тој не е безбедносен ризик за државата.
Доколку Зарко Милошевски како одоговорно лице во АНБ не ја одобрел позитивната проверка, Онишченко немало да добие Македонско државјанство.
Онишченко е руски олигарх, тој е на црната листа на САД, а постојат индиции и дека се мешал во изборите во САД и ова не го говориме само ние, ова се работи за кои постојат докази, а и Стево Пендаровски, колку и да сака да се додоворува на СДС, ги призна сите овие факти.
Тоа што Милошевски со свој потпис, како одговорно лице во АНБ одобрил Онишченко да добие државјанство не е воопшто наивно, а неговото назначување од страна на Ковачевски, како и тоа што веднаш по назначувањето ја сменил комисијата за одговорност, е јасен показател дека Ковачевски знаел дека Зарко Милошевски е потписникот на проверката, но го поставил за директор со цел истиот да ги покрие сопствените и трагите кои водат до Ковачевски.
Јасна е линијата. Зарко Милошевски ја одобрил позитивната проверка, Виктор Димовски ја потпишал како директор и ја пратил до МВР, а Ковачевски на влада му доделил државјанство.
Одговорност мора да има и од Милошевски и од Димовски.
Ако Ковачевски не е директно вмешан како последен во алката, тогаш веднаш да го разреши Зарко Милошевски од позицијата директор на АНБ, и да го запре именувањето на Виктор Димовски за амбасадор во Париз.
Ковачки: Буши како владин функционер да каже како заработил 20.000 евра за ноќевање или кој е интересот на тој што му го платил ноќевањето
Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на новинарско прашање поврзано со сместувањето на Назим Буши, заменик министер за внатрешни работи кое изнесувало 20 илјади евра побара уште еднаш Буши да каже како успеал да го плати тоа ноќевање односно како ги стекнал тие пари. Имено Ковачки додаде дека ако пак Буши не го платил тоа сместување да се даде одговор кој е тој што го платил тоа сместување односно кој е интересот на тој што го платил тоа сместување.
-Секако дека ќе продолжиме да бараме одговорност. Господинот Назим Буши е владин функционер и тој како јавна личност мора да биде одговорен пред граѓаните. Мора да каже како со 20 илјади евра успеал да си го плати тоа ноќевање, односно од каде ги стекнал тие пари и доколку тој не го платил, тогаш кој е тој што го платил тоа сместување односно кој е интересот на тој што го платил тоа сместување. Јавноста ги чека одговорите, рече Ковачки.
Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Автобус со студенти падна во провалија на Зеленортските Острови, најмалку 21 загинат
-

УС опен: Американецот Фриц водеше со 2-0 во сетови и го загуби мечот
-

Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при претрес на „Тиквешки гроздобер“
-

Полицијата приведе маж од Македонски Брод осомничен дека предизвикал пожар
-

Американските пратеници му презентирале на Путин нови идеи за прекин на војната во Украина
-

Не стивнуваат пожарите во Албанија, вчера регистрирани 21, активни 11 пожари
-

Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава
-

Новиот изглед на Трамп предизвика реакции на социјалните мрежи
