Ковачевски во работна посета на Софија за справување со енергетската криза
Делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Софија поврзана со енергетската криза.
Работната посета на Ковачевски и делегацијата од ресорите економија и енергетика, како што информираа од владината прес-служба, е за справување со последиците од светската енергетска криза.
Ковачевски во Софија заминува од Белград, каде ја предводеше владината делегација на Првиот меѓународен саем за вино „Винска визија Отворен Балкан на Белградскиот саем“ во рамки на Самитот на иницијативата ОБ, каде беше најавена соработка со цел обезбедување доволни количини струја за стопанството и граѓаните во регионот.
Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков вчера изјави дека сериозно се подготвуваат за посетата на премиерот Ковачевски на Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Милков во интервју за БНР оцени дека односите меѓу двете држави имаат многу димензии, тие се повеќеслојни и не можат да се мерат со прашањата за снабдување со електрична енергија од Бугарија во Република Северна Македонија.
– Се очекува да се разговара за широк спектар прашања и да се направат видливи чекори за решавање на сите прашања. Работите ќе се разгледуваат во нивната меѓусебна зависност, изјави Милков и додаде дека кога ќе дојде премиер од соседна држава, треба да се постават сите прашања кои би биле од интерес за двете земји.
Од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) вчера информираа дека ќе бидат вклучени во реализација на договорените проекти за справувањето со енергетската криза кои ќе произлезат од иницијативата Отворен Балкан и од другите форми на соработка меѓу земјите во регионот, чие директно спроведувања во енергетиката ќе треба да тече преку АД ЕСМ.
Ново на Сител
-
Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси
-
Затворени училиштата на неколку грчки острови поради невремето
-
Најмногу дожд во Берово и Виница, врнежите продолжуваат и денеска
-
Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи
-
Свечена изјава на новите судии од Академијата за судии и јавни обвинители пред Судскиот совет
-
Денеска е први април – Денот на шегата
-
Тројца починати од паднато дрво во бурата во Мичиген, стотици илјади домаќинства останаа без струја
-
САД ја олеснуваат бирократијата за инвеститорите со нов указ на Трамп