Македонија
7. March 2023 - 18:09

Ковачевски во посета на МТЕЛ: Создаваме поволни услови за нови инвестиции кои овозможуваат отворање на нови работни места

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари работна посета на телекомуникациската компанија МТЕЛ, притоа им честиташе на менаџерите на МТЕЛ за успешното работење, за постигнатите резултати и за позитивниот развој на пазарот во Северна Македонија.

-Драго ми е што оваа компанија ги препознава позитивните политиките на Владата за инвестирање. Владата што ја предводам создава подрачје за безбедно инвестирање, па затоа МТЕЛ ќе продолжи да се шири и да инвестира во Северна Македонија, потенцираше премиерот во своето обраќање за време на посетата на МТЕЛ.

Како што информираат од владината прес-служба, премиерот истакна дека МТЕЛ досега во нашата земја има инвестирано четири милиони евра, а компанијата е со планови за понатамошни зголемувања на инвестиции.

 -Во моментот вработуваат 80 вработени, а многу скоро таа бројка ќе биде уште поголема, рече претседателот на Владата.

Ковачевски истакна дека изминатиов период беше полн со глобална неизвесност, безбедносни закани и многу економски предизвици. Владата успеа да ја зајакне меѓународната позиција на Северна Македонија и да оствари многу цели и амбиции, поврзани со економскиот развој на нашата земја

-Економски ја јакнеме позицијата на Северна Македонија и со тоа што станавме земја членка на НАТО и започнавме преговори со ЕУ, рече премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека му е драго му е што странските, но и домашните инвеститори во Владата гледаат свој партнер за напредок и развој. Ние, како што посочи Ковачевски, се стремиме да создаваме услови по светски терк, за безбедно инвестирање, неопходни за непречено функционирање на компаниите.

-Нашите политики се со единствена цел да го подигнеме квалитетот на животот на нашите граѓани. Со создавање поволни и безбедни услови за нови инвестиции овозможуваме отворање на нови, добро платени работни места. Како Влада ќе продолжиме да ја јакнеме конкурентноста и да создаваме силна домашна економија, истакна премиерот Ковачевски.

 Менаџерскиот тим на МТЕЛ изрази благодарност до премиерот Ковачевски за посетата на компанијата и можноста да ги споделат нивните планови за нивниот иден развој во Северна Македонија, за кој истакнаа дека имаат навистина големи амбиции.

Генералниот директор на Телеком Србија Владимир Лучиќ потенцираше дека посетата на претседателот на Владата е потврда за нивната силна и значајна позиција на македонскиот телекомуникациски пазар и поттик да продолжат со инвестициите.

 -Од влезот на пазарот во Северна Македонија во 2021 година досега инвестиравме четири милиони евра и во нашата компанија ангажиравме 80 лица. Задоволни сме со работата на нашата компанија која во моментов веќе има повеќе од 16 илјади задоволни корисници, истакна Лучиќ.

Тој посочи дека во следните две години планираат да инвестираме дополнителни 50 милиони евра, и нивниот тим да го зголемат за уште најмалку 200 млади стручни лица.

-Амбицијата на МТЕЛ во Северна Македонија не е да биде само уште еден оператор на пазарот, туку уверени сме дека со плановите кои ги имаме за наредниот период, поткрепени со квалитетот на нашите услуги за скоро ќе можеме да се промовираме и во број 1 телекомуникациски оператор на македонскиот пазар, рече  Марко Лопичиќ, генерален директор МТЕЛ.

Горан Трајановски, претседателот на Надзорниот одбор на МТЕЛ го изрази задоволството од деловниот амбиент и соработката со институции надлежни за регулација на телекомуникацискиот сектор.

-Северна Македонија има компетитивен телекомуникациски пазар, но регулативата е особено добра и им овозможува на операторите да се развиваат, да растат, да ја засилуваат својата позиција врз основа на квалитетот на услугите кои што ги нудат, да инвестираат во проширување на палетата на услуги и да го зголемуваат бројот на свои вработени, потенцираше Трајановски на работната средба со премиерот Ковачевски.