Македонија
22. December 2023 - 8:46

Ковачевски во посета на ЈЗУ „Козле“-Скопје по повод промена на дејноста и називот на клиниката

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска во ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај деца „Козле" - Скопје ќе присуствува и ќе се обрати по повод промената на дејноста, видот и називот на институцијата. 

Како што е наведено во најавата од владината прес-служба, дејноста на оваа универзитетска клиника е вршење специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита и здравствена дејност на терцијарно ниво од областа на респираторните заболувања кај децата и цистичната фиброза, изведување образовна дејност, вршење усовршување на здравствените работници и научно-истражувачка дејност.