Ковачевски: Владата подготвува покачување на пензиите, предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се паушални
Владата предводена од СДСМ работи на нова метдологија за покачување на пензиите, но и за дополнителна финасиска помош со цел надминување на последиците од енергетската криза, порача вечерва во интервју за Сител телевизија, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Ќе се работи на анализи и на нова методологија на усогласување на пензиите така како што има одредени предлози на асоцијациите на пензионери. И дополнително со оглед на тоа што се наоаѓаме во енергетска криза која што најмногу ги погаѓа најранливите ние веќе работиме и на анализа на дополнителна финансиска помош на пензионерите во време на криза, а нивото на поддршка, ќе го дадат анализите. Оние кои се најранливи, кои имаат најниски пензии, помошта ќе биде поголема и како што се зголемува нивото на пензиите така ќе биде нивелирана на пониско ниво за да можеме да го заштитиме животниот стандард на пензионерите.“ порача Ковачевски.
Осврнувајќи се на предлог законот за зголемување на пензиите, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Ковачевски оцени дека тоа е паушален предлог кој не се базира на никакви анализи.
- Законот којшто ВМРО-ДПММЕ го поднесе, сметам дека е паушален, не знам дали е извадено од глава или од шешир тоа што го предлагаат бидејќи тоа не се базира на никакви анализи. Јас познавам многу еминентни економисти во опозицијата и не верувам дека тие тоа го предложиле, веројатно во некоја ПР служба го предложиле тоа решение, истакна Ковачевски.
Ковачевски посочи дека во изминатите неколку години Фондот на ПИОМ е консолидиран, дека е затворена финансиската дупка што ја остави ВМРО-ДПМНЕ и денес, ПИОМ дури и во време на криза, врши предвремена исплата неколку денови однапред за конкретниот месец.
Центар за комуникации со јавноста-СДСМ
Ново на Сител
-

Папата Лав Четиринаесетти го ублажува спорот со Трамп, тврди дека наводите за неговите изјави се неточни
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
