Ковачевски: Треба да се почитуваат сите закони при носењето на мерките за справување со кризата
Владата веќе донесе мерки за ограничување на трошењата во јавниот сектор, вели премиерот Димитар Ковачевски, а за евентуално намалување на платите на функционерите во услови на криза смета дека треба да се почитуваат одредбите на Законот за работни односи.
-Ние донесовме мерки за ограничувања, но има и други ограничувања кои што зависат од Законот за работни односи, и тоа треба да се направи претпазливо бидејќи знаете дека неколку пати имаше такви обиди. Сепак, треба да се почитуваат сите закони при носењето на мерките, вели премиерот Ковачевски запрашан во однос на можноста за сведување на платите на функционерите на минималната плата во услови на кризна состојба, по увидот во активностите за отпочнување на процесот на чистење на линданот од малата депонија во кругот на фабриката „ОХИС“.
Владата вчера усвои антикризни мерки за рационализација на трошоците во јавниот сектор. Сите буџетски корисници се задолжени да ги намалат расходите за стоки и услуги за 10 проценти и најдоцна до 21 март да достават предлог за рационализација на трошоците до Министерството за финансии. Мерките за рационализација предвидуваат забрана за започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, освен за неопходните активности за работењето на институцијата по претходна согласност од Владата. Буџетските корисници и правни лица основани од државата ќе треба за 50 проценти да ги намалат расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користењето на службени возила, а ќе треба да го намалат и бројот на службени патувања и бројот на членови на делегации при патувања во странство.
На регулаторните тела, единиците на локалната самоуправа, локалните јавни претпријатија и останатите установи кои се под надлежност на општините им се препорачува да ги следат донесените владини мерки и да преземат активности за рационализација на нивните расходи.
Ново на Сител
-
Мицкоски: За пожарот во Трубарево приведени четири лица, истрагата е во тек, преземени се сите мерки
-
Мицкоски: Центри на моќ во и надвор од земјава стојат позади случувањата, пожари ќе има и во идниов период
-
Кај маж и жена од Гостивар пронајдени 37 пакувања со марихуана
-
Ангелов: Очекувам чадењето од пожарот во Трубарево да биде намалено или целосно сопрено во текот на денот
-
84-годишник сечел дрва, едно паднало врз него и го убило
-
Путин го одликува Медведев со Орден за заслуги за татковината
-
Избувнувањето на повеќе пожари во истовреме не е случајност, вели Ангелов
-
Четири лица здравствено згрижени на Токсикологија по пожарот во Трубарево