Ковачевски не сака да ги коментира тврдењата на Мицкоски за соработка на власта со Груевски
Премиерот Ковачевски одбива да ги коментира случувањата во ВМРО-ДПМНЕ и меѓусебните преписки на релација Мицкоски – Груевски дека договорена е амнестија и поддршка за уставни измени. Ковачевски бил уверен дека во ВМРО ДПМНЕ ја разбрале опасноста од изолација, затоа ги повика сите партии на национално обединување како дел од европската агенда на државата и да се обезбеди мнозинство за гласање..
Откако во јавноста излезе информацијата дека СДСМ и ДУИ подготвуваат нов закон за амнестија со кој се опфатени сите случаи на СЈО за да се обезбеди поддршка за уставни измени... премиерот демантира.
Постоел само закон за амнестија кој веќе е во процедура, но тоа не значело дека се подготвува широка амнестија со која ќе биде опфатено поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Најави дека за 7 дена ќе биде испратен и до Собрание.
Темата за амнестија ги продолжи и преписките на социјалните мрежи помеѓу актуелниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Откако Мицкоски на трибина порача дека зад измените на кривичниот законик и отворената кавга со Груевски стои валкан план на власта за внесување на Бугарите во Уставот кој нема да успее, екс премиерот повторно му врати.
Го обвини дека наместо докази за тајни средби во Будимпешта, Мицкоски прераскажува филмови. Груевски тврди дека актуелното раководство на партијата има подготвено цела кампања против него, а молчат за Заев. Па праша дали постои некаква уцена за ново сојузништво со поранешниот премиер.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар