Ковачевски на прошетка со Вучиќ и Брнабиќ покрај Сава во Белград
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ ја започна својата официјална посета на Белград со прошетка на шеталиштето покрај Сава во Белград.
-Мојата посета ја започнувам со пријатна заедничка прошетка низ убавото шеталиште покрај Сава во Белград. Споделивме размислувања за цврстото пријателство, соработката, партнeрството меѓу нашите две земји како и визијата за иднината на Западен Балкан, напиша Ковачевски на својот профил на Фејсбук.
Српскиот претседател Вучиќ на Инстаграм објави фотографија од прошетката и напиша дека со гордост му покажува на премиерот Ковачевски колку се изградил Белград.
-Велат дека за време на добра прошетка се смислуваат најдобри планови и се водат најпријатни разговори. Додека со гордост му покажувам на пријателот Димитар Ковачевски колку се изградил Белград, разменуваме мислења за проширување на иницијативите „Отворен Балкан“, „Патот на ЕУ кон нашиот регион“, позицијата и перспективите на Западен Балкан на геополитичката мапа на Европа и светот, но и за плановите за претстојните средби и новите проекти за поврзување, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Премиерот Димитар Ковачевски е во официјална посета на Србија и ја предводи македонската делегација во која се неколку министри. За време на посетата утре ќе бидат потпишани три меморандуми за соработка.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци