Ковачевски: МВР согласно Законот за странци одредува кој може да влезе во државата
Министерството за внатрешни работи има план за обезбедување на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а во однос на тоа кој влегува во државата МВР се придржува до Законот за странци, каде постои одредба според која граѓанин на друга држава што претставува опасност може да не биде пуштен да влезе во државава, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа колку бугарски државјани се очекува дојдат на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Делчев на 4 февруари, Ковачевски рече дека сите бројки, односно тоа што можат да го претпостават безбедносните служби на двете држави, ги разменуваат.
Премиерот повтори дека МВР со одлука на Влада е задолжено да го обезбедува настанот, односно да обезбедат мирно чествување и изрази уверување дека тоа и ќе го сторат.
– МВР согласно законот и процедурите ќе постапи во насока на обезбедување мирно одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, рече Ковачевски по обраќањето на првиот панел „Северна Македонија како зелен енергетски хаб – како да се претвори кризата во можност“ во рамки на конференцијата „Година на можности“.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево