Ковачевски – Брнз: Економската соработка да се интензивира со акцент на енергетски проекти
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз.
Амбасадорката Брнз на средбата му го честитала изборот за премиер на Ковачевски и му посакала успех во спроведувањето на програмските цели на новиот владин кабинет, меѓу кои соработката со САД, како стратешки партнер на Република Македонија е во врвот на приоритетите на меѓународната политика на земјата.
Премиерот Ковачевски и амбасадорката Брнз разговарале и за определбата да продолжи економската соработка меѓу двете земји со посебен акцент на поттикнување на проекти и инвестиции кои ќе овозможат трајна и одржлива енергетска независност на Македонија.
– На средбата беше истакнато дека за Вашингтон Македонија и регионот остануваат важен геостратешки интерес и во таа насока од клучна важност за САД е деблокирање на евроинтеграцискиот процес за земјата и одржување на првата меѓувладина конференција со Брисел и отворањето на првите поглавја во процесот за членство во ЕУ. стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста.
Премиерот Ковачевски на работната средба со амбасадорката Брнз нагласил дека најавената официјална посета на премиерот на Република Бугарија Кирил Петков и на членовите на неговата Влада за 18 јануари, е добра порака која најавува сериозен исчекор за отворените прашања меѓу двете земји и за изнаоѓање решенија прифатливи за двете страни.
Амбасадорката Кејт Мари Брнз потенцирала дека за САД односите меѓу двете земји, како најблиски соседи и сојузници во НАТО, е од исклучителна важност и дека од посебно значење е брзото решавање на клучните прашања кои ќе го овозможат континуитетот на процесот за членство на Македонија во ЕУ.
Ново на Сител
-
Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор
-
Николоски: Договорот со Велика Британија целосно ќе не трансформира како држава
-
Вучиќ со порака од собир во Ниш: Не ме интересираат вашите барања, тоа е завршена приказна
-
Илјадници жители евакуирани во северна Аргентина поради големи поплави
-
Шкендија со порaз oд Силекс слави титула во ПМФЛ
-
Кремљ потврди дека се подготвува телефонски разговор на Путин со Трамп
-
Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски во понеделник
-
Американец за кого постои сомневање дека е заразен со ебола имал контакт со најмалку 26 Чеси