Ковачевски – Агелер: Потврда на стратешкото партнерство со САД и силна поддршка за евроинтеграциите

Република Северна Македонија е партнер од доверба во НАТО, а веруваме дека натамошната поддршка од САД за сите важни процеси ќе продолжи и ќе се интензивира, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба во Владата со новата американска амбасадорка во земјава, Анџела Прајс Агелер.
Тој, како што информираат од владината Прес-служба, посочи дека Владата посветено работи да обезбеди европска иднина на граѓаните и на државата, но е и цврсто фокусирана кон справувањето со последиците од економската и енергетската криза, дека во рамки на најновиот сет антикризни мерки се обезбедува поддршка за најранливите категории граѓани, како и дека енергетската криза се менаџира преку државна поддршка за граѓаните и компаниите.

На состанокот е потврдено значајното стратешко партнерство со САД, со јасна порака дека во Соединетите Држави имаме искрен партнер и пријател. Изразена е силна поддршка за нашите евроинтеграции, со коишто обезбедуваат подобар живот за граѓаните во својата држава. Во таа насока, разговарано е за значењето на натамошниот напредок на евроинтеграцискиот процес.
Исто така, посочено е и на важноста од регионалниот развој, преку добрососедската соработка, посебно за економијата, каков што пример е соработката на државите во рамки на иницијативата Отворен Балкан.

Премиерот Ковачевски и посака добредојде на американската амбасадорка Агелер, изразувајќи уверување за успешен мандат, како и натамошен развој на големото пријателство помеѓу Северна Македонија и САД. Се заблагодари за големата, јасна и видлива поддршка што ја има нашата држава од Соединетите Американски Држави.
На состанокот е разговарано и за определбите на Владата за владеење на право и справувањето со корупцијата како важни за граѓаните, но и за компаниите, во контекст на определбите на инвеститорите да вложуваат во држави каде што има правна сигурност.
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
