Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ прави деструкции и блокади на важни процеси за граѓаните и државата
ВМРО-ДПМНЕ и во Собранието и надвор од него се што прави се деструкции, блокади на важни процеси за граѓаните и државата. Нивните најави за блокирања сообраќајници низ државата се само уште една потврда колку Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се деструктивни и антинародни, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот и пратеник на СДСМ Костадин Костадинов.
Тој посочи дека додека Владата и институциите прават сериозни дипломатски напори за да го откочат процесот на евроинтеграциите за да се надминат неразумните блокади, ВМРО-ДПМНЕ се поставува спротивно на државните и националните интереси, спротивно од стратешките интереси.
-Проблемот е што ВМРО-ДПМНЕ вака се однесува и во Собранието, па блокира и нов Клинички центар, како што блокираше и закони за антикризна поддршка на граѓаните и стопанството, финансирање здравствени установи среде криза. ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието блокира закон со кој над 3.000 наставници и стручни соработници ќе добијат вработување на неопределено време, рече Костадинов.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, правеа и се уште прават обиди да се спречи нормално функционирање на државата.
– Надвор од ова Собрание, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со лаги и измислици се обидува да ги руши македонските позиции и тоа во крајно чувствителен момент. Ова е тотално немање сенс за националните интереси.Ова е саботирање на напорите да добиеме меѓувладина конференција во исклучително чувствителен период на меѓународни напори за премостување на блокадата во ЕУ, изјави Костадинов. Додаде дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со лаги и измислици да се обидуваат да го саботираат процесот на евроинтеграција.
Ново на Сител
-
Адвокатот кој стана министер за внатрешни работи | Панче Тошковски | Неформално | Sitel Podcast 059
-
Мајка го тепала синот и кршела по дома, таткото пријавил во полиција
-
Пронајдени куршуми во двор на гостиварско училиште
-
Силувана малолетничка која била пријавена за исчезната
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан