Loading Video...
Свет
6. јуни 2023 - 19:41

Косово: Меѓународната заедница со три барања кои Курти треба да ги исполни

Меѓународната заедница има три барања кои косовскиот премиер треба да ги исполни за смирување на состојбата во Северно Косово. 

Барањата на Курти синоќа во Приштина му ги соопштија Претставникот на ЕУ за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

„Прво, деескалација на ситуацијата на терен. Второ, брзи нови избори на север. И трето, враќање на дијалогот и процесот на нормализација. Имавме долга, искрена, тешка дискусија со премиерот Курти, изјави Лајчак.

Курти до петок треба да одговори на барањата, истакна американскиот претставник за Западен Балкан. На северот на Косово, локалните Срби и понатаму протестираат чекајќи да се разреши ситуацијата и да бидат исполнети нивните барања - новоизбраните градоналачници Албанци на Звечан, , Зубин Поток и на Лепосавиќ да не влегуваат во  општинските згради и косовските специјалци да го напуштат северот. 

За состојбата  во северно Косово, Лајчак и Ескобар ќе разговараат и со српскиот претседател Вучиќ во Белград, вечерва.