Македонија
6. December 2023 - 16:27

Корупцијата најголем проблем за граѓаните

Македонската влада будно го следела проширувањето на црната листа на САД , откако Стејт департментот на неа се најде и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев .

Заменичката на премиерот, Грковска, очекувала надлежните институции да ги превземат сите забелешки кои стигнуваат на македонска адреса. Веќе биле предложени измени во Законот за рестриктивни мерки, кои поминале на Влада, во кои освен санкциите од ЕУ и ОН, ќе се додадат и санкциите на САД.

Владеето на правото и борбата против корупцјата се многу важни за државата на патот кон ЕУ, предупредува и евроамбасадорот Давид Гир.

И додека и САД и амбасадорите во земјава сериозно забележуваат дека корупцијата неконтролирано се шири во поседната година во Македонија и анализата на МЦМС дава поразителни информации – на половина милион граѓани им било побарано мито, а судовите донеле само четири пресуди за давање или примање поткуп.

Од 2021 до 2023 корупцијата котира највисоко на листата на проблеми во општеството.

Антикорупциска смета дека власта само декларативно се залагала во борбата со корупцијата, а ниту Државна ревизија не е задоволна како институциите реагираат или воопшто не реагираат на нивните забелешки.

Според анализата, За повеќе од 63 проценти од граѓаните корупцијата е проблем кој најмногу ги засега. Граѓаните ја препознале МВР како институција која најмногу се бори против корупцијата, а по неа следи Државната комисија за спречување корупција. Подобрување е забележано во враќањето на надежта во сравувањето со корупцијата.