Фудбал
8. јуни 2016 - 8:40

Копа Америка: Победи за САД и за Колумбија

Репрезентациите на САД и на Колумбија постигнаа победи на првите натпревари од 2.коло од Копа Америка што се одиграа синоќа. Ова беа дуели од А групата.

САД со 4:0 славеше триумф над Костарика, додека Колумбија со 2:1 ја совлада селекцијата на Парагвај. 
За Колумбија ова беше втора победа со што обезбеди 1/4 финале.
Табела: Колумбија 6 бодови, САД 3, Парагвај 1, Костарика 1.

Вечерва се играат дуелите од второто коло од групата Б: Бразил – Хаити и Еквадор – Перу.