-->
-->
Контроверзниот Рубиалес поднесе оставка како претседател на Шпанската фудбалска асоцијација
-->
Претседателот на Шпанската фудбалска асоцијација, Луис Рубиалес, денеска поднесе оставка по големиот притисок и критики откако бакна во уста шпанскa фудбалерка по освојувањето на Светското првенство.
Суспендираниот Рубиалес ја објави својата оставка преку порака на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер.
„По брзата суспензија од ФИФА и постапката што беше покрената против мене, јасно е дека не можам да се вратам на функцијата“, изјави Рубиалес.
Тој во соопштението наведе дека инсистирањето на чекање нема да придонесе ништо позитивно за Федерацијата или шпанскиот фудбал.
Рубиалес ја предводи Фудбалската асоцијација од 2018 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО
-
Иран лансираше ракети кон Израел | ВИДЕО
-
Контрола во правно лице во Скопје, затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле во државата
-
Почина жена на Клиника во Скопје
-
Скопјанец со автомобил намерно удрил во тинејџер при што го повредил
-
Пронајдена дрога кај осуденик во штипскиот затвор
-
Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид
-
Ѝ се заканил на судијка дека ќе ја убие, ОЈО поведе постапка