Македонија
12. August 2024 - 16:33

Kонтрола во Шутка – 10 затвореници немало на прозивка 4 се вратиле, 6 се уште во бегство

Шестмина затвореници кои казната ја издржувале во затворот Скопје во Шутка од вчера се во бегство и за нив е распишана потерница, потврдуваат од Управата за извршување на санкции.

Поради сомнежи дека во минатото не се водела строга контрола кои затвореници што се во отворените и полуотворените одделенија во Шутка се враќаат во затвор, синоќа е направена вонредна контрола. При тоа, било утврдено дека 10 затвореници не се наоѓаат во ќелиите. Подоцна 4-ца од нив се пријавиле во затворот, но шестмина се уште не се вратени и се водат во бегство.

Од опозициската СДСМ пак,обивнуваат за неспособност на Владата и обид да го скрие од јанвоста масовното бегството на затвреници.

Каде е сега Пандов да одржи прес конференција и да каже како се случи да му побегнат 10 затвореници и да понесе одговорност за пропустите? Ова е уште една потврда дека Христијан Мицкоски намести несоодветни, непрофесионални кадри на директорските места само по партиски клуч. Најмалку што треба да направи Мицкоски е да ги разреши неспособните директори, Александар Пандов и Бобан Утковски, коментираат од СДСМ.

Дежурните служби во затворот Идризово синоќа, пак, при проверка на затвореник кој се враќал во затворот по отсуство пронашле 50 гр дрога. По добиени информации дека осуденото лице внесувал дрога, направена е проверка и било утврдено дека нарокотиците биле скриени во неговото тело, велат од затврот. Затвореникот е однесен на скопскиот клинички ценатар по што од неговиот анален отворен извадени се 5 кесецички со по 10 грама дрога.