Конституирано Национално координативно тело за заштита на деца од злоупотреба
Децата се најранливата категорија кога станува збор за насилство и занемарување и затоа треба да им се посвети посебно внимание и грижа. Траумите од претрпено насилство и недостиг на грижа во детството, оставаат неизбришливи траги и последици во понатамошниот живот на човекот и затоа превенцијата треба да биде врвен приоритет во сите активности, изјави министерката Царовска на конститутивната седница на Националното координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување.
Според неа, заштитата и превенцијата бара мултисекторски пристап, кој, како што рече, се овозможува токму преку работата на ова тело.
На седницата, претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс имаше презентација на влијанието кое насилството, запоставувањето и нефункционалното родителство го имаат врз долгорочниот развој на децата, нивните семејства и општеството.
Препознавајќи ги основните причини кои доведуваат насилството да опстојува во земјава, Перкс повика на потребата од изготвување на меѓусекторска стратегија за зајакнување на интервенциите во јавното здравство и детска заштита и за поддршка на родителите.
Претседателот на Советот за превентива против малолетничка деликвенција, Лазар Нанев на седницата презентираше индикатори за следење на состојбата со деца жртви, изготвени за потребите на Националното координативно тело.
Национално координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување се конституира по пауза од година и пол, согласно со одлуката на Владата од 5 декември 2017 година. Целта на ова тело е да го следи и координира спроведувањето на активностите за заштита на децата од злоупотреба и занемарување.
Со НКТ претседава министерката за труд и социјална политика, а во него членуваат претставници од МТСП, МВР, МОН, Министерството за здравство, Министерството за правда, ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија, ЈУ Завод за ментално здравје на деца и младинци, ЈУ Завод за социјални дејности, Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје, Прва детска амбасада во светот Меѓаши, СОС Детско село, Здружение за заштита на правата на децата и Совет за превентива против малолетничка деликвенција.
Ново на Сител
-
Анализа: Криза во Уставен ако во понеделник не се избере наследник на Кацарска
-
Тема на денот Моника Зајкова. претседателката на ЛДП
-
ОЈО го достави обвинението до Кривичниот Суд за убиството на Вања и Панче
-
Пропадна 6-тиот обид за изборот за претседател на Уставен
-
Избори во СДСМ
-
Дали пржинската влада е со поминат рок
-
Експлозија во РЕК Битола, вторпат во два месеци комплетно надвор од мрежа, вели ВМРО-ДПМНЕ
-
Индустриското производство продолжува да паѓа, во април за 1,2%