Конференција за проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата на Западен Балкан
Претставници од земјите од Западен Балкан денеска и утре во Скопје ќе учествуваат на конференција на високо ниво „Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата на Западен Балкан“.
На конференцијата, чиј домаќин е Владата на Република Северна Македонија со поддршка од УНИЦЕФ, е најавено присуство на околу 500 учесници.
Според агендата, конференцијата ќе ја отворат претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, претставничката на УНИЦЕФ Патриција ди Џовани и шефот на делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар.
Владите на земјите од Западен Балкан се обврзаа да ги забрзаат постапките за ставање крај на сите форми на насилство врз децата до 2030 година, како дел од Целите за одржлив развој.
Во текот на двата дена на конференцијата, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска заедно со меѓународни експерти и регионални и национални практичари ќе учествуваат во сесии посветени на превенција, градење отпорност и таргетирана детска заштита.
На завршната церемонија Владата ќе се заложи за пристапување кон Глобалното партнерство за ставање крај на насилството врз децата.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз