Конференција за приказ на случаи наменета за студенти по медицина
На Медицинскиот факултет во Скопје денеска и утре ќе се одржи конференција за приказ на случаи, организирана од Македонската Медицинска Студентска Асоцијација- ММСА, која има за цел да ги истражи темелно идеите и интересите на студентите по медицина и млади доктори и да им понуди можност да го презентираат својот труд.
Конференцијата, како што соопштуваат од ММСА, ќе им овозможи на студентите да ги претстават своите истражувања во различни области, да ги споделат своите сознанија со своите колеги и професори и да ги разменат новите искуства кои ги стекнале.
На конференцијата ќе учествуваат повеќе од 200 студенти и над 25 професори.
– Конференцијата за Приказ на Случаи обезбедува основа за дискусија за клучните наоди на клинички истражувања, извештаи за различни случаи и тераписки напредоци со некои од најеминентните професори на Медицинскиот факултет. Целта на оваа конференција е да се поттикнат студентите по медицина на научно-истражувачка работа, да се мотивираат кон зајакнување на своите практични вештини преку следење на текот на целата болест кај пациентите со крајна цел – соодветна подготовка на идните доктори за својата понатамошна кариера, соопштуваат од Македонската Медицинска Студентска Асоцијација.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци