Концерт по повод Меѓународниот ден на холокаустот 27 јануари
По повод Меѓународниот ден на холокаустот 27 јануари, во Меморијалнот центар на холокаустот на Евреите од Македонија вечер концерт ќе одржат сопранистката Ермне Блондел и пијанистката Каролин Вилиамумеи, кои ќе изведат дела на композиторите Курт Ваил, Шулхов, Гланцерг.
Концертот се реализира со поддршка на Австриската амбасада во Скопје и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и во соработка со здружението „Ервекте Штимен форум Виена„ (Еrweckte Stimmen Forum Wien).
Здружението е основано од диригентот и музичкиот научник Амори ду Клосел кој живее и работи во Виена. Целта на ова Здружение е повторно откривање на композиторите кои биле жртви на тоталитарните режими на 20 век, како и повторно оживување на нивните дела.
Концертот почнува во 19:00 часот, а влезот во Меморијалниот центар е бесплатен за сите љубители на музиката.
Ново на Сител
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест