Македонија
3. March 2016 - 10:51

Концерт на МОБ по повод 8 Март

Македонската опера и балет по повод 8 Март, во вторник организира концерт насловен „За дамата... гала-вечер со кавалерите на МОБ“.

- За концертот е подготвена специјална програма, составена од популарни арии и наполитански канцони кои ќе бидат изведени од „кавалерите-солисти“ на Македонската опера и балет, соопшти МОБ. 

Покрај оркестарот на МОБ, кој ќе го води диригентот Иван Еминовиќ, ќе настапи и машкиот хор со солистите Борис Трајанов и Марјан Јованоски (баритони), Зоран Сотиров и Марјан Николовски (тенори), Владимир Саздовски (бас) и „Трио џентлмени“.