Комплетно реконструирана улицата „Капиштец“
Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска ја презентираше реконструираната улица „Капиштец“.
Поставен е нов асфалт и коловоз во површина од 2.600 метри квадратни, нови рабници во должина од 280 метри, реконструиран е тротоарот со површина од 520 метри квадратни и во соработка со ЕВН, каблите од кабловските оператори се спуштени под земја.
- Прв пат на оваа улица поставивме атмосферска канализација во вкупна должина од 260 метри. Во неа ќе се сливаат надворешните и атмосферски води, со што ќе се реши горливиот проблем на жителите на овој дел од Центар. Воедно, поставени се и нови 14 ревизиони шахти, за сливање на поголеми количества на отпадни води, рече градоначалникот Богдановиќ, посочувајќи дека во неговата предизборна програма им ветил на граѓаните оти ќе се залага за решавање на инфраструктурните проблеми со кои се соочуваат на дневна основа.
По завршување на зафатот на улицата „Капиштец“, општината продолжува со акцијата за реконструкција на улиците и тоа со “Димитар Пандилов“, “Ганчо Хаџипанзов“ и улицата “Караорман“.
Ново на Сител
-
Во Нови Сад шок бомби и нереди на комеморацијата за одбележување 10 месеци од трагедијата на железничката станица
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, максималната температура до 37 степени
-
Лавров: Западот се обидува да спречи формирање на мултиполарен свет
-
Сѐ уште активни пожарите во Илинден, Долнени и Липково, пожарите на Кожуф, Јасен и Вардариште ставени под контрола
-
Активни шест пожари, три под контрола
-
Истрага против дилер на марихуана во Скопје
-
Археолошкиот локалитет Стоби привлечен за странските туристи – Американците најбројни посетители
-
Нема листа на метар, малку независни