Комисиска расправа за предлог-листата за избор на членови на КСЗД

Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на која се очекува да се расправа за Утврдување предлог-листа за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
Собранието на Република Северна Македонија објави јавен оглас за избор на четири члена на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и тоа за три члена со мандат од пет години и за еден член со мандат од една година два месеца и осум дена.
За нови членови на КСЗД пријавени се 25 кандидати - Енвер Салихи, дипломиран правник од Куманово, Елена Кочоска, дипломиран економист од Прилеп, Албрим Положани, дипломиран економист од Струга, Маријан Поњавиќ, дипломиран правник од Скопје, Исмаил Камбери, дипломиран правник од Тетово, Душан Томшиќ, дипломиран социјален работник од Скопје, Љупка Гугучевска Филипоска, дипломиран правник од Скопје, Зоран Биковски, дипломиран социолог од Делчево, Бесире Мјаки, дипломиран правник од Скопје, Гајур Рамадани, дипломиран новинар од Гостивар, Татјана Михајлова, дипломиран правник од Скопје, Добре Јанчев, дипломиран правник од Скопје, Весна Бендевска, дипломиран психолог од Битола, Давид Тасевски, дипломиран психолог од Скопје, Мухамед Точи, дипломиран правник од Гостивар, Зекир Абдулов, дипломиран правник од Делчево, Доан Сулејмановски, дипломиран правник од Прилеп, Флора Кадриу, дипломиран професор по одделенска настава од Скопје, Несиме Јашари Лума, дипломиран правник од Прилеп, Марина Бојковска, дипломиран професор по одделенска настава од Кратово, Драгана Дрндаревска, дипломиран правник од Скопје, Ибрахим Ибрахими, дипломиран економист од Гостивар, Маја Атанасова, дипломиран правник од Скопје и Марика Чанева, дипломиран правник од Штип.
Како што стои во образложението поставено на собраниската веб-страна, за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови: да е државјанин на Република Северна Македонија; да има стекнато 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен на образование; да има минимум седум години работно искуство од областа на човековите права, од кои пет години во областа на еднаквост и недискриминација;
во моментот на изборот со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна затвор од над шест месеци или забрана за вршење професија, дејност или должност и да не е носител на функција во политичка партија.
Ново на Сител
-

Бројот на вработени кои побарале лекарска помош од РЕК Битола се искачи на 120, кујната времено затворена
-

Мицкоски: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот
-

Уапсен 72-годишник од Валандово за физички напад врз сопругата и поседување огнено оружје и муниција
-

Шест волови од кривопаланечко залутале во Бугарија, за нивната судбина ќе одлучуваат бугарските институции
-

Половината ваучери за инвертер клими веќе подигнати, рокот истекува на 17 април
-

Без вода корисниците на потегот од фонтаната во Градски Парк до Влада
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Данска по полуфиналето на плејофот за Мундијалот 2026
-

Најстудено на Попова Шапка, -3 степени и 53 сантиметри снег
