Комерцијалните вакцини против грип од денеска достапни за граѓаните
Во скопскиот Центар за јавно здравје од денеска почна вакцинацијата против грип. На скопјани им се достапни само комерцијални вакцини што ги набавува Центарот и кои годинава чинат 650 денари.
Прим.м-р д-р Билјана Даниловска, раководител на Одделението за епидемиологија при Центар за јавно здравје – Скопје истакна дека вакцината е четиритипна и штити од четири типа на вирус и дека на граѓаните им стојат на располагање во две работни смени од 7:30 часот до 18:00 часот.
-Вакцините се пастерови и содржат два типа на А вирус: Х1Н1 и Х3Н2 и два типа на Б: викторија тип и амагата тип. Од епидемиолошки аспект очекуваме дека ова време е погодно за развој на вирусите, бактериите, појава на вирусни заболувања, меѓу кои и грипот. Пикот го очекуваме некаде во февруари, што значи дека сега во овој момент вакцинацијата е сосема адекватна, бидејќи потребни се 15 дена за да се создаде имунитет, рече Даниловска.
Доктор Даниловска рече дека освен ризичните групи (лица постари од 65 гогини, хроничните болни, малите деца до пет години, здравствените работници), вакцинацијата им се препурачува и на лицата кои поради работата се во контакт со многу лица.
Директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери информира дека 28.000 бесплатни вакцини што ги набавува Министерството за здравство се уште не се стигнати и очекуваат да пристигнат до крајот на наредната недела.
За бесплатните вакцини за кои граѓаните, освен во ЦЈЗ, ќе имаат и дополнителни пунктови во три скопски поликлиники: Јане Сандански, Чаир и Букурешт.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја