Комеморација за писателката Оливера Николова
Во главната сала на Друштвото на писателите на Македонија денеска во 12 часот ќе се одржи комеморација за писателката Оливера Николова (1936-2024).
Нејзината појава и творештво, како што велат од ДПМ, оставаат неизбришливи траги не само во нашето културно и општествено милје, туку и низ светот, и за чија личност и дело може да се зборува само со восхит и со извонредна благодарност.
Оливера Николова е родена во 1936 година, во Скопје. Учела во Струга и Велес, а завршила Филозофски факултет во Скопје. Работела како драматург на радио и телевизија. Таа била член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.
Попознати нејзини дела за деца се „Зоки Поки“, „Земја во која не се стигнува“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1966), „Пријателите Бон и Бона“ (Награда на РТВ и Струшки вечери,1975), „Мојот звук“ (Награда „Младо поколење“,1978), „Девојките на Марко“, „Љубоболки“, „Шифри на каменот“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“, и други.
За специјални постигнувања во современиот израз на литературата за млади, во 1983 година ја добила Змаевата награда, а во 2024 година од Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, е одликувана со Орден за заслуги во културата.
Нејзини дела за возрасни се: Книгите раскази „Ден за летување и Лева комора“; комедијата „Сребреното јаболко“; книгата со драмски текстови под наслов „Сребреното јаболкo“. Романите: „Тесна врата“ (Награда „Стале Попов“,1983), „Домашни задачи“, „Тромбот“, (Награда „Стале Попов“ 1998, којашто ја вратила), „Адамовото ребро“ (Награда 'Рациново признание',2000), „Вежби за Ибн Пајко“, „Куклите на Росица“ (награда „Роман на годината“ на Утрински весник, за 2004 год.), „Белиот чад“, „Куќичка“ (2012, номинирана за наградата „Балканика“ 2011), „Кадифената покривка - новелети за жени убијки“ (награда „Стале Попов“ за 2015 г.), „Пешаци по црни полиња“ и „Песот со тажен поглед“ (награда „Роман на годината“ за 2019 год.).
Ново на Сител
-
Вучиќ се приклучи на Движењето за народот и државата и ги повика и граѓаните да го сторат тоа
-
Приведен малолетник кој уценувал маж во Битола
-
АХВ со стручни обуки за царинските службеници за контрола на лиценциран багаж и миленици
-
Рубио: Се надевам на скоро дипломатско решение за завршување на војната во Украина
-
Хајди Клум, со својот фустан, ги прекрши правилата на Филмскиот фестивал во Кан
-
Појавата на проширени вени можно поврзана со развој на деменција
-
Реткиот „Медитеранско син“ дијамант од 10,03 карати продаден за 19,2 милиони евра
-
Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер утре во Скопје