Свет
7. April 2018 - 20:10

Комбе удри во маса луѓе, има загинати

Неколку лица ги загубија животите и околу 30 се повредени во германскиот град Минстер кога комбе влета во маса луѓе.

Според портпаролка на градската полиција, меѓу загинатите е веројатно и возачот на комбето.

Жителите на Минстер се замолени да го избегнуват подрачјето на инцидентот. Бебзедносни извори наведуваат дека околностите под кои се случил инцидентот се такви да не може да исклучат можност дека се работи за напад.