Македонија
26. March 2023 - 19:47

Кој ќе работи во хотелите во Охрид?

Хотелско-угостителскиот сектор  кубури со персонал.И додека тие мака мачат  како да најдат кувари келнери ,шанкери ,рецепционери ,собарки за летната сезона стручниот кадар си заминува на работа во западноевропските земји за поголеми плати.Свесни дека не можат да понудат плата во висина на онаа која на пример се нуди во Хрватска, се надеваат дека сезонските вработувања, би можеле да го ублажат ударот .

Многу ниските примања,  мали плати, прекувремени саати кои не биле  платени од хотелите. Тоа е најголемиот проблем со одливот на кадар.

Охрид во средното угостителско училиште  има помеѓу 70-80 ученици кои и сега доколку  не заминат се многу малку за претстојните сезони.

Хотелиерите и угостителите со оглед на тоа дека немаат опција за кадар оваа сезона ќе вработуваат сезонски средношколци и лица кои доаѓаат од другите градови на кои им се  нуди и сместување само за да останат.