Македонија
25. July 2021 - 16:43

Кој ќе одлучи за изборот на кандидати за градоначалници?

Жестока внатрепартиска битка во следниот месец ќе ги одреди кандидатите за градоначалници во поголемите општини. Политичките аналитирачи очекуваат да се вжештат и обвинувањата на релација власт-опозција, но и коалициските договори помеѓу партиите кои ќе се фокусираат на мултиетничките средини. Токму затоа кандидатите за овие општини ќе се држат во тајност до последен момент.

Имињата кои досега се објавени во најголем дел се актуелни градоначалници и веќе познати на граѓаните од кои повтроно ќе ја бараат довербата. Но според познавачите ова и не е некоја голема предност со оглед дека впечатокот во јавноста е дека клучните проекти кои стартуваат во последните месеци на мандатот.

И Селими и Спасеновски ги поддржуваат најавените измени на Изборниот законик за отворени советнички листи на претстојните избори бидејќи сметаат дека на таков начин ќе се зголеми квалитетот на целиот процес. Ако ова успее да се спроведе на изборите во октомври, тогаш овој модел ќе може да се преслика и за парламентарните избори.