Македонија
24. July 2024 - 16:38

Кога ќе има проширување на позитивната листа

Таравари најавува, меѓутоа прашање е дали и кога пациентите ќе добијат нови лекови на рецепт. Проширувањето на позитивната листа наместо за две до три недели според ветувањата на министерот кога го почна мандаот, ќе ги почека анализите од Фондот – има ли пари во фондовската каса но и какви се деветте лекови што ги предлага Комисијата. Директорот на Фондот за здравсвено осигурување наведувајќи дека има дупки во здравствениот буџетот но и многу побарувања и очекувања од болници и клиники, кажа дека за десетина дена ќе се знае што ќе биде со Позитивната листа.

-Ние во моментот правиме проценка колкави се рпазнините, дупките во повеке подрачја, со ребалансот имаме нови средства и да направиме проценка кои се здравствени приоритети можеме да ги задоволиме до крајот на годината. Тоа бара малку време, дозволете две ендели сме на функцијата и мораме да ги видиме приоритетите. И да следното гледање на Позитивната листа не биде мало гледање туку да биде посуштинско, посодржајна форма, вели Сашо Клековски, директор на Фонд за здравствено осигурување

Освен парите, според информации на Сител има дилеми и во предлозите на Комисијата кои девет лекови треба да бидат додадени на Позитивната листа и дали меѓу нив има и додатоци на исхрана и зошто го има фабричкото име.

Предлогот на стручната комисија за позитивна листа и доставената ранг листа на предложените лекови до Фондот за здравствено осигурување се изготвени согласно генеричките имиња на лековите, а компаниите во барањето за ставање лек на позитивна листа го наведуваат заштитеното име на својот лек. Овој податок се пренесува во предлогот, покрај податокот за генеричкото име на лекот, но не значи дека само тој лек е кандидат за влез на позитивна листа, туку сите генирики на лекови со тоа незаштитено име што се присутни на пазарот влегуваат на позитивната листа, согласно концептот и структурата на актуелната листа на лекови, ни одговорија од Министерството за здравство.

Инаку, Таравари е дден од повеќето негови претходници кои ветуваа проширување на позитвната листа која не е ревидирана над 15 години, но засега е се само во најава.