Коалицијата АА/А: Која е мотивацијата на признанието на „Тигрите“ за Артан Груби?
„Вчера, кога полициската единица „Тигри“ ја одбележи својата 40-годишнина од основањето, беше изненадување што во тој настан се доделија плакети и за двајца Албанци: заменик-премиерот Артан Груби, и за заменик-министерот за Внатрешни работи“, Назим Буши, велат денеска во партиско соопштение од Алијанса за Албанците и Алтернатива.
„Знаејќи ја дејноста на оваа единица од демонстрациите во 1981 и 1989 во Косово, преку настаните во Бит Пазар, Ладориште, Тетовски универзитет, се до убиството на цивилите во с. Љуботен, јасно е дека оваа моноетничката единица имала повод за славење и за доделување на признанија на тие што биле успешни во убивање и насилство кон Албанците, но бидејќи секое признание има мотивација, Коалицијата Алијанса за Албанците & АлтернАтивА прашува јавно која била мотивацијата на ваквото признание за двајцата Албанците од власта? Која е заслугата на Артан Груби и Назим Буши за ваквите 40-годишни антиалбански акции на „тигрите“? Интересно е и тоа што ваквото признание доаѓа само еден ден откога нивниот лидер се гордееше со демонстрациите од ’81-ва„стои во соопштението.
Од Коалицијата АА & ААА истакнуваат дека единицата „Тигри“, која според нив и ден денес останува моноетничка – значи само македонска, за Албанците ќе остане единица која ќе се памти со антиалбанските акции, додека тие што добиваат признанија од таа, нека им биде на нивна чест.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата