Македонија
1. September 2015 - 17:20

Книги од македонски автори на е-библиотеката "Македоника"

Промовирани нови дванаесет електронски изданија на дела од македонски класици на интернет страницата ,,Македоника,,

Дванаесет нови електронски изданија на дела од македонски класици  ќе бидат дел од изданието Македоника најголемата дигитална библиотека во регионот.  Според Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска електронското издаваштво кое е светски тренд е од  големо значење..

,,Македоника,,  е единствената бесплатна електронска библиотека  во регионот  и од  основањето  функционира под мотото ,,една книга на ден,,.Фондацијата има регистри-рано 32. 000 читатели  и  располага со околу шестотини дела од домашни автори. Во следната фаза  ќе  бидат застапени  и странски автори.

Проектот е дел од Владината програма за поддршка на електронското издаваштво, за  чија реализација оваа година се издвоени околу три милиони денари.