-->
-->
Клучно прашање: Зошто мобилниот на Зоран бил исклучен во времето кога Јелена била убиена?
-->
Мобилниот телефон на Зоран Марјановиќ, сопругот на брутално убиената пејачка Јелена, бил исклучен во периодот меѓу 16:30 и 17:00 часот, токму во време кога таа е убиена.
- Проверивме каде бил Зоран, што правел и со кој контактирал во саботата на 2 април кога Јелена заминала да трча. Го реконструираме целиот негов ден бидејќи има многу нелогичности, рекол извор на истрагата.
- Дали тој ја убил, сокрил нешто што знае или некој го штити, тоа го утврдуваме, но дефинитивно сите индиции велат дека семејството е вмешано во убиството.
Резултатите од вештачењето и обдукцијата покажале дека Јелена е убиена на 2 април измеѓу 12 и 17 часот, близу каналот во Црвенка, што би можело да биде еден од клучните детали во расветлувањето на случајот, како и анализа на мобилните телефони, бидејќи има спротивности во изјавите на членовите на семејстовото Марјановиќ, сведоците и очевидците.
Инаку полицијата дошла до докази дека жртвата по убиството е довлечена до каналот, но и понатаму претставува енигма како нејзината патика стигнала на спротивната страна од каналаот. Звукот на телефонот бил исклучен и поради тоа тој е пронајден утредента.
- Се случило нешто страшно - наводно бил единствениот одговор на петгодишната ќерка Јана на прашање дали знае што се случило со нејзината мајка.
Инспекторите разговарале со жителите од околните куќи за да откријат некои нови информации кои би им помогнале во истрагата, а проширен е кругот на куќи и објекти кои ќе се претресуваат.
- Во истрагата е опфатен голем број на луѓе но и простор - наведува извор близок на истрагата, додавајќи дека пополека тој круг се стегнува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Русија е подготвен да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин - приведени две лица
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо