-->
-->
Кливленд нов шампион во НБА лигата
-->
Екипата на Кливленд „Кавалирс’’ е новиот шампион најсилната светската кошаркарска лига НБА.
Кливленд ноќеска на теренеот на противникот славеше победа во решавачкиот, седмиот натпревар од финалето протов бранителот на трофејот од лани Голден Стејт со 93-89.
„Кавалирс’’ предводени од Леброн Џејмс, кој дуелот го заврши со „трипл-дабл“ учинок од 27 поени, 11 скока и 11 асистенции, стигнаа до првата титула во клупската историја.
Леброн имаше поддршка и од Кајри Ирвинг кој средбата ја заврши со 26 поени меѓиу кои и тројка во послдната минута од мечот која го најави крајот на надежта на Воините за евентуален пресврт.
Кај Голден Стејт најсветла точка беше Дрејмон Грин со 32 поени, 15 скока и 9 асистенции, додека послаб учинок од очекуваното имаа Стеф Кари кој постигна 17 и Клеј Томсон кој средбата ја заврши со 14 поени.
Успехот на Кливлент е дополнително повреден имајќи во предвит дека „Кавалирс’’ е првиот тим кој до шампионскиот трофеј стигнал по негатива од 1-3 во победи, а со трите врзани во низа на крајот да остварат триумф со 4-3 во победи, нешто што не му успеало на ниту еден друг тим во НБА историјата
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поранешен кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција
-
Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си
-
Романец со сила одзел златен ланец на лице во Ѓорче Петров
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица
-
Исчезнала 21-годишна девојка од Шуто Оризари
-
Здравствена работничка нападната пред угостителски објект од 24-годишна жена
-
Прегазен 69-годишен пешак во тетовско