Кличко: Граѓаните на Киев треба да подготват залихи и да размислат за привремено иселување
Киев се соочува со можни прекини на струја и прекини во водоводните и топлинските мрежи предизвикани од руските удари, изјави градоначалникот Виталиј Кличко за украинската државна телевизија. Жителите на главниот град треба да подготват залихи и да размислат за привремено иселување, изјави синоќа Кличко..
Тој го опиша тоа како најлошото можно сценарио. – Правиме сè што можеме за да се осигураме да не дојдат до ова, изјави градоначалникот на главниот град на Украина.
– Но, ние сакаме да бидеме отворени. Нашите непријатели прават сè што можат за да го остават овој град без греење, без струја и без снабдување со вода – накратко, сите да умреме, потенцираше Кличко.
Тој процени дека во градот има околу три милиони луѓе, вклучувајќи 350.000 внатрешно раселени лица.
Киев се обидува да ја стабилизира својата електрична мрежа со повремени затемнувања што оставаат делови од градот во темница неколку часа и поставува 1.000 помали топлани во случај да падне топлинската мрежа.
Кличко, познат како поранешен светски шампион во бокс, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да ја уништи Украина како нација. „На Путин не му требаме ние Украинците, му треба регионот, му треба Украина без нас.
На 24 февруари Русија започна инвазија на соседна Украина и оттогаш незаконски анектираше четири региони на југ и исток.
Ново на Сител
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Пожар зафати објект во росоманско Крушевица
-
Франција пред политичка неизвесност откако ниту една политичка опција не доби апсолутно мнозинство
-
Еврото падна поради изборите во Франција
-
ДКСК ќе одржи седница
-
Владината делегација ќе учествуваат на Самитот на НАТО во Вашингтон, ќе остварат бројни средби
-
Земјотрес со интензитет од 3,2 степени според Рихтер реистриран во подрачјето на Охрид
-
На граничните премини Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека 15 минути