Ќучук: Бугарија станува проблематична земја која го попречува развојот на ЕУ
Бугарија станува проблематична земја која ги попречува развојните процеси на ЕУ. Нашето место не треба да е меѓу попречувачите, туку во развојниот простор – да поставиме агенда, да наметнеме различни гледишта кои ќе ја направат ЕУ многу поефикасна и тоа да биде во бугарски национален интерес. Една од темите што требаше да ги води Бугарија беше поврзана со проширувањето на ЕУ и како Албанија и Северна Македонија треба да бидат дел од неа, вели во интервју за БНР Илхан Ќучук, европратеник од „Обнови ја Европа“, член на Комисијата за надворешни работи во ЕП и известувач за Северна Македонија.
Тој е категорично против идејата за радвојување на Северна Македонија и на Албанија на европскиот пат, бидејќи смета дека со тоа дополнително ќе се искомплицира меѓународниот имиџ на Бугарија.
Според него, предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ е најдобар досега за Бугарија.
– Дали ќе биде усвоен од Софија и Скопје е друго прашање… Дефинитивна грешка беше да се префрли прашањето како врел компир во Народното собрание. Позицијата на Бугарија треба да биде изготвена од Министерскиот совет. Според Уставот, надворешна политика ја води Министерскиот совет, а не Парламентот, вели Ќучук.
Тој смета дека доколку Бугарија усвои заеднички став за предлогот за Cеверна Mакедонија, политичкиот притисок повеќе нема да биде врз неа, туку ќе се бараат други механизми за да се наметне еден или друг предлог.
– Бугарија ќе има став, бидејќи не може две години да немаме заедничка позиција за ова прашање. Ќе биде големо непочитување кон ЕУ ако нашата земја не излезе со јасен став како гледа на ова прашање. Во предлогот има доста добри гаранции за решавање на тешките проблеми од минатото и за отворените стари емотивни прашања, како и за правата на Бугарите – тие своите гаранции ќе ги остварат на европски начин, изјави Ќучук.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова до Мајнл-Рајсингер: Да се стави крај на македонскиот маратон кон Брисел
-
Во руски напад со дронови врз автобус во Украина загинаа девет лица, четворица повредени
-
Најмногу дожд во Крушево
-
Црвен крст Центар домаќин на вториот регионален натпревар по прва помош
-
Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ
-
Мицкоски ќе информира за договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Русија и Белорусија планираат заеднички воени маневри
-
Над 15 000 ученици ќе полагаат државна матура, најголем интерес и годинава за тестот по англиски јазик