-->
-->
Ќе плати ли Алонсо за сите?!
-->
Шпанските власти очигледно не се шегуваат и понатаму продолжуваат да ги чешлаат фудбалерите кои не платиле даноци кон државата за баснословните суми што ги заработиле играјќи во шпанските клубови. Последен од серијата е Чаби Алонсо, поранешен репрезнетативец и голема фудбалска ѕвезда Чаби Алонсо кој се соочува со затворска казна во траење од пет години. Таква казна побара шпанското обвинителство, откако беше потврдено дека Алонсо затаил данок во периодот од 2010 до 2012 година. Се работи за сума од два милиони евра, а доколку биде прогласен за виновен може да добие парична казна од четири милиони евра.
Алонсо е последниот фудбалер во низата на играчи за кои беше потврдено дека затајувале данок. Од затворски казни се спасија Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Хавиер Маскерано..., а сега останува да се види дали Алонсо ќе успее да се договори.
Се очекува Алонсо да ја признае вината како што тоа го направија останатите ѕвезди. Сепак, од обвинителството потенцираат дека во затвор лежат луѓе за неплатен данок од 125.000 евра и тоа треба да биде за памет на сите фудбалери, кои се обидоа да ја оштетат Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци