Македонија
31. March 2023 - 16:38

Ќе ги намали ли Владата бодовите за да скрати од енормно високите плати?

Владата размислува преку измена на коефициентите да го скрати неверојатното зголемување на платите на функционерите кое го овозможи Уставниот суд. По одлуката на Судот функционерите од идниот месец да земаат за 78% повисока плата, министрите велат дека размислуваат за решенија

Функционерите имаат скандалозно мали плати, но не е време сега да се зголемат, рече и шефот на дипломатијата кој чека 900 евра повисока плата или близу 2100 евра за тоа што го сработел овој месец.

Измени во законот денеска побара и опозицијата

А по градоначалникот на Аеродром кој вчера најави дека ќе го донира покачувањето, сличен чекор денеска и од првиот човек во општина Центар

Уставниот суд минатата недела укина два члена од законот за плати на функционерите со што овозможи покачување кое синдикатот пресмета дека ќе изнесува досега невидени 78%. 

Па така од први, од 600 до 1000 евра повеќе ќе земат сите министри, заменици, пратеници, директори на државни фирми и институции. Синдикатите кои две недели протестираат за поголеми плати пред Владата денеска не го криеја гневот.

Иницијативата пред Уставниот суд поднел адвокат од Скопје кој не сака да коментира. Додека други предмети пред судот чекаат со години, судиите кои исто така ќе добијат 78% покачување за оваа иницијатива одлучиле за помалку од 4 месеци.