Китев: Време е Кавадарци да застане на победничката страна

Време е Кавадарци да застане на победничката страна, рече денеска на прес-конференција Бетиане Китев, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата.
- На страната на животот и промените. На страната на која застана цела Македонија. На нашиот град му се потребни промени. На Кавадарци му треба подобра инфраструктура, посредени улици и патишта, нови градинки, спортски терени, гасифиикација. На граѓаните на Кавадарци им е неопходен чист воздух. За младите мора да отвориме нови можности и повисоки плати со цел да не ни заминуваат во странство. И, секако, на сите граѓани им е потребна отворена и услужна општина, рече Китев.
Тој ги повтори петте клучни проекти кои ќе бидат приоритет на новата локална власт и на градоначалникот.
- Во соработка со Владата, целосно ќе го гасифицираме Кавадарци. Граѓаните и фирмите ќе плаќаат поевтини сметки за електрична енергија. Ќе изградиме затворен пазар со подземен паркинг простор. Пазарџиите и граѓаните повеќе нема да мрзнат зимно време на отворено. Во Кавадарци ќе се изгради нова градинка. Родителите повеќе нема да имаат грижи каде би биле згрижени нивните деца додека тие се на работа. Целосно ќе ги реконструираме главните улиците и булевари во Кавадарци и ќе го замениме асфалтот на сите оштетени улици во градот. Исто така, планираме и изградба на три нови кружни текови, истакна Китев, најавувајќи и комплетирање на колекторскиот систем на реката Луда Мара до селото Марена.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
