-->
-->
Кирил Миновски нов директор на УЈП - Горан Трајковски оди на друга одговорна функција
-->
Кирил Миновски ќе биде нов директор на Управата за јавни приходи откако Владата на вчерашната седница го именуваше на позицијата која досега ја извшуваше Горан Трајковски.
-Можам да потврдам дека на вчерашната владина седница Кирил Миновски е именуван за нов директор на УЈП. На досегашниот директор Горан Трајковски му истече мандатот и ние сме благодарни за неговиот ангажман, за придонесот кој тој го имаше во реализацијата на владината програма, реформите кои ги спроведе и резултатите на институцијата која ја раководеше. Планирано е соработката со господин Трајковски да продолжи на друга одговорна функција, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Кирил Миновски е поранешен директор на Пазарниот инспекторат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути
-
Унгарија ја тужи ЕУ за користење на каматата од замрзнатите руски средства за помош на Украина
-
Еден починат и тројца повредени во сообраќајка кај Градско
-
Трамп сака да го ограничи времетраењето на визите за странски новинари и студенти