Кипар ќе ги покрива трошоците на туристите ако се заразат со Ковид-19

Кипар се обврза да ги покрие сите трошоци на туристите кои за време на одморот ќе бидат тестирани позитивни на коронавирус, пишува во писмото на кипарската влада кое денеска го добила новинската агенција Асошиејтед прес.
Кипарската влада наведува дека ќе ги покрие трошоците за сместување, храна, пијалаци и лекови за заболените од коронавирус и нивните семејства. Пациентите ќе треба да го платат таксито до аеродром и билетот за враќање дома.
Болница со 100 кревети ќе биде наменета исклучиво за странски патници позитивни на тестот, а 200 респиратори ќе бидат резервирани за тешко болните.
„Карантински хотел“ со 500 соби ќе биде резервиран за членовите на семејствата на пациентите.
Ова писмо е упатено до владите, авиокомпаниите и туристичките оператори, а содржи строги здравствени и хигиенски протоколи кои владата ги усвоила за да привлече туристи.
Кипар од 9. јуни го отвора меѓународниот воздушен сообраќај за 19 земји, а патниците мораат да се тестираат на коронавирус три дена пред патување.
Ново на Сител
-

Без вода дел од Центар и Пржино
-

Муцунски во Брисел на средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос и други претставници на ЕК и ЕП
-

Авион на „Ер Канда експрес“ удри во возило на аеродромот во Њујорк
-

Ирански ракети потенцијална закана за европските престолнини
-

Почнува судењето за железничката несреќа кај Темпи пред три години
-

Променливо облачно со повремен дожд
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
