Кипар го укинува строгиот карантин, воведува коронапас
Властите на Република Кипар од денеска го укинуваат строгиот режим на карантин, но на жителите на островот, за да влезат буквално на кој било јавен простор, ќе им треба таканаречена Коронапас – пропусница што покажува дека нејзиниот сопственик не го шири коронавирусот.
Одлуката во средата ја донесе кипарската Влада.
Коронапас може да биде потврда за негативен ПЦР-тест за коронавирус направен во последните 72 часа, или документи кои докажуваат дека некое лице примило барем една доза вакцина најдоцна не подоцна од пред три недели, прележало Ковид-19 во последните шест месеци. Оваа пропусница ќе биде потребна за сите кои ќе посетуваат трговски центри, театри и кина, како и спортски сали, кои ќе бидат отворени денеска.
Исто така, Коронапас ќе треба за посета на црква и присуство на церемонии како што се свадби, крштевки или погреби. До 16 мај најмногу 10 лица ќе можат да учествуваат на вакви церемонии. Од 17 мај, границата ќе се зголеми на 200 лица, но со одредбата овие настани да се одржуваат само на отворено.
За црквите, театрите и кината ќе има тристепен систем за олеснување на ограничувањата. Од 10 мај, во нив нема да бидат дозволени повеќе од 50 лица во исто време, од 17 мај – до 30 проценти од нивниот капацитет, а од 1 јуни – до 50 отсто. Големите продавници од 10 јуни ќе треба да обезбедат минимална површина од 10 квадратни метри за секој клиент. Од истиот ден на островот ќе се продолжи со настава со физичко присуство, а учениците ќе се тестираат секоја недела со брзи антигени тестови.
Ново на Сител
-

Калас: Украина не смее да се исфрли од агендата додека Блискиот Исток гори
-

Хегсет: Америка победува решително и без милост
-

Денеска реализирани превентивни активности на подрачјата на СВР Битола, СВР Велес, СВР Штип и СВР Тетово
-

Меџити: По две недели, нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“
-

Обвинетиот за убиството на 79 годишна жена во Штип не призна вина, судењето продолжува на 18 март
-

Мицкоски до Реџепи: Канабис економската политика на претходната Влада што ја поддржувавте е минато
-

Американскиот Сенат денеска ќе гласа за војната против Иран
-

Мицкоски: Набргу во Скопје прв состанок со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган
