Кинеското вселенско летало е во орбитата на Месечината и се подготвува да слета
Кинеските власти објавија дека вселенското летало Change-5 успешно влезе во орбитата на Месечината и се подготвува да слета, како дел од историската мисија на природниот сателит на Земјата.
Националната вселенска агенција на Кина (ЦНСА) објави дека роботското летало влезе во орбитата на Месечината по 112 часа лет и ја намали брзината без никакви проблеми, што е првиот чекор во подготовките за слетување.Во соопштението се вели дека се очекуваат уште неколку маневри пред да слета на површината на Месечината.
Вселенското летало се состои од четири модули, вклучително и модул за влегување во Месечината, модул за слетување, роботски теренец и модул за полетување од Месечината.
Планот е роботот рачно да ископа речиси два метри под површината и од Месечината да донесе приближно два килограми тежок камен на Земјата. Вселенското летало треба да се врати во Кина по 23 дена, односно во средината на декември.
Кина на тој начин ќе влезе во друштво на САД и Русија, кои успеаја да ги реализираат мисиите за носење примероци од Месечината, и ова ќе биде прв ваков подвиг од 70-тите години на минатиот век.
Ново на Сител
-
173 санкции за брзо возење
-
Силјановска Давкова ќе се сретне со со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри
-
ЦУК: Забрана за движење кај стрелиштето „Леково“, пожари во Кавадарци и Велес
-
Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај
-
Синдикатот на просветни работници во Србија в четврток ја прекинува работата во сите училиштата поради загрозена безбедност
-
Герапетритис: Бараме усогласување со Договорот од Преспа, не е прашање на самоопределување, туку почитување на договореното
-
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија
-
Четиринаесет жртви во бомбардирањето на станбена зграда во близина на бегалскиот камп Нусејрат