Кина и Украина главни теми на средбата на министрите за надворешни работи на Г7
Во јапонското одморалиште Каруизава средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Група седум индустриски најразвиени земји (Г7), на која ќе се разговара за кинеските притисоци врз Тајван и војната во Украина.
Кина минатата недела изврши воени вежби околу Тајван, симулирајќи напади и блокада на островот, што го смета за дел од својата територија.
Претставници на земјите-членки на Г7 повеќе пати го предупредија Пекинг да не се обидува со сила да го смени статусот на Тајван. Најверојатно министрите за надворешни работи нема да договорат нови радикални мерки против Русија, но ќе ги поддржат напорите за кривично гонење на сторителите на воени злосторства и ќе изразат загриженост поради руските закани со нуклеарно оружје.
На средбата во Каруизава ќе се разговара и за други меѓународни кризи, од владеењето на талибанците во Авганистан и нападите на воената хунта во Мјанмар до прашањата за Вселената, кибер безбедноста и дезинформациите.
Состанокот на министрите за надворешни работи треба да го подготви теренот за самитот на шефовите на државите од Г7, што ќе се одржи во мај во Хирошима, Јапонија.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
