Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ги забрза чекорите за да стане нуклеарна суперсила
Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун изјави дека неговата земја ќе ги забрза чекорите за да стане воена суперсила со нуклеарно оружје и нема да ја исклучи нивната употреба доколку биде нападната од непријателите.
Во вчерашниот говор одржан на универзитетот, Ким исто така рече дека нема намера да ја нападне Јужна Кореја, но „ако непријателот се обиде да употреби сила против нашата земја, севернокорејската војска без двоумење ќе ја употреби целата сила, што „не ја исклучува употребата на нуклеарно оружје“.
Тој повика и на опширно зајакнување на одбраната на Северна Кореја.
Тој испрати и роденденска порака до рускиот претседател Владимир Путин и го нарече негов „најблизок другар“, велејќи дека „стратешките и кооперативни односи“ меѓу двете земји ќе бидат подигнати на ново ниво за да работат на „одбрана на регионалниот и глобалниот мир и меѓународната правда“.
Ново на Сител
-
Иран ја активирал противвоздушната одбрана над градот Исфахан
-
Уапсен пензионер (64) од Кичево, кај него пронајдени тегли марихуана и дигитална вага
-
Владата сака да сме дел од ЕУ, но не по секоја цена, СДСМ бара затворена собраниска седница за евроинтеграциите
-
Почина Михаил Ренџов
-
Коста Кецмановиќ донесен со полиција и Брза помош - Ќе сведочи во најбезбедната судница во Србија
-
Гинисов рекорд: Најскапото шише вода продадено со наддавање за над 52.000 евра
-
Меси за пензионирањето на Иниеста: Еден од оние со кои најмногу се забавував играјќи
-
Сане би можел да се врати во Премиер лигата