Киев и бунтовниците почнаа да ги повлекуваат тенковите од околината на Доњецк
Украинската армија и проруските сепаратисти денеска соопштија дека почнале да ги повлекуваат тенковите и другото оружје од линијата на фронтот во реонот на Доњецк, откако тој процес заврши во соседниот регион на Луганск.
- Почнавме денеска да ги повлекуваме тенковите, оружјето со калибар под сто милиметри и минофрлачи со калибар до 120 милиметри, изјави Леонид Матјохин, портпарол на украинската армија.
Повлекувањето почна во регионот на Дебалцево, стратешка точка на поврзување на бунтовничките центри Доњецк и Луганск .
Информацијата беше потврдена од Едуард Басурин, еден од бунтовничките лидери во Доњецк.
Тој додаде дека утре бунтовниците ќе ги повлечат тенковите, распоредени покрај Новоазовск на брегот на Азовското Море, во близина на стратешкото пристаниште Мариупољ, последниот голем град во зоната на конфликтот, што е под контрола ба Владата во Киев.
Басурин нагласи дека по Новоазовск на ред доаѓа Доњецк.
Во вооружениот конфликт во Украина, кој почна во април 2014 година загинаа над осум илјади лица.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе им овозможи на кандидатите за членство целосен пристап до средства од инструментот „Глобална Европа“
-
Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп
-
Божиновска за ветерниот парк кај Штип: Силен сигнал за стабилни инвестиции и зелена транзиција
-
Медиуми: Франција и Италија одбиваат да купуваат американско оружје за Украина преку НАТО
-
ОЈО Битола постапува во случајот со примање поткуп во Болницата во Битола, повеќе детали се најавуваат за утре
-
Пожар од прскалка на роденденска забава во Свети Николе
-
Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага
-
Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена