Киднапирана како бебе, пронајдена по 18 години!

Американката Камија Мобли била украдена од болница во Флорида само 8 часа по нејзиното раѓање во 1998 година.
Камаја застана во одбрана на жената која ја украла, Глорија Вилијамс, која го чувала детето под името Алексис Маниго во малото гратче Валтерборо.
– Мојата мајка ме порасна со се што ми требаше и се што сакав и таа не е никаков претсапник – напиша Камаја на Фејсбук откако Глорија била уапсена и обвинета за киднапирање.
Нејзиното вистинско семејство е во Џексонвил. Тие биле пресреќни кога дознале дека Камаја, бебето што го загубиле пред 18 години, сега е жива и здрава девојка.
– Личи на татко и. Рече дека наскро ќе не посети – вели нејзината баба Вилма Аикен за АП.
Џозеф Џенкинс, сосед на Глорија Вилијамс, вели дека Камаја имала среќно детство, но живеела во лага.
Камаја имала само 8 часа кога била одземена од нејзината млада мајка Шанара од страна на Глорија, која лажно се претставила како медицинска сестра и рекла дека мора да го земе бебето бидејќи му е потребна медицинска нега.
Веднаш била покрената полициска потера со хеликоптери, но без успех.
Пред само неколку месци самата Камаја се посомневала дека е киднапирана – изјави шерифот на Џексонвил.
Целата работа стигнала до Националниот центар з аисчезнати деца. Камаја дала крв и се нашло поклопување на ДНК со нејзината мајка.
Во 2008 нејзината мајка изјавуваше дека е „стресно да се будиш секој ден и да знаеш дека детето ти е некаде каде не можеш да го најдеш“.
Глорија ќе биде екстрадирана во Флорида а на Камаја и било дозволено да ја посети, при што ја повикувала како своја мајка – јавија американските медиуми.
Ново на Сител
-

Хeмичaрот кoј дoби „Инжeнeрски прстен“ од државата | Кирил Христовски - ПМФ | Sitеl Pоdcаst 138
-

Најдобрата македонска кошаркарка стави крај на кариерата
-

ЕК објави список со предлози за дополнителни санкции против Русија
-

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег
-

ФФМ го казни својот поранешен претседател Сејдини поради финансиска измама
-

23-годишна кумановка со авотмобил удрила во 7-годишно девојче и тешко го повредила
-

Две лица, едниот од нив 18-годишник, извршиле тешка кражба во викендичка во Велес
-

Кривична за четири лица, меѓу кои двајца полицајци; за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат лични документи
