Кери: Либија на пат да создаде влада на национално единство, но е под закана од ИД
Либија е на пат да создаде влада на национално единство, но екстремистите од Исламска држава може да посегнат по нејзиното нафтено богатство, предупреди американскиот државен секретар Џон Кери.
Припадници на Исламска држава ја нападнаа нафтената инфраструктура на Либија и се сместија во либискиот град Сирт, користејќи го вакуумот во власта, односно ситуацијата во земјата, каде двете сопернички власти се борат за власт.
- Во Либија сме на чекор од создавање на влада на национално единство, изјави Кери на конференцијата во Рим, на која учествуваат 23 земји.
Претставниците на земјите дискутираа за начините на одземање на териториите во Сирија и Ирак од ИД и за начините за ограничување на нејзиното влијание, особено во Либија.
- Таа земја има ресурси. Лажен калифат со пристап до приходите од нафта вредни милијарди долари е последното нешто на светот што го посакувате, рече Кери.
Ново на Сител
-
Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV
-
Прв говор на папата Лав Четрнаести: Бог нè сака сите, безусловно
-
Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра
-
Македонските ракометари ја совладаа Естонија во евроквалификациите
-
Американецот Роберт Превост е новиот папа, со избрано име Лав 14
-
Кардиналот Ре се надева дека вечерва ќе биде избран новиот папа
-
Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара
-
Кривична против 39-годишник, ја следел неговата поранешна партнерка и упатувал закани преку пораки